По 24 години, Formula 1 доби ново лого
За прв пат по 24 години светскиот шампионат во F1 ќе користи ново лого, кое беше претставено за време на доделувањето на наградите на тројцата првопласирани во последната трка за ГН на Абу Даби
Досегашната варијанта на логото се користеше од 1993 година, а новото официјално ќе дебитира со почетокот на следната сезона. Ова е четвртиот амблем на F1 што се користи од Светското првенство во 1950 година. Првото лого се користеше од 1950 до 1986 година, второто од 1987 до 1993, потоа доаѓа на ред на третото, а сега и на четвртото. Новината е прифатена со измешани чувства од страна на фановите, што покажуваат првите реакции на социјалните мрежи по крајот на трката на Јас Марина, на која триумфираше Валтери Ботас.
На почетокот на 2018 година F1 ќе добие ново раководство, откако главниот акционер во шампионатот стана американска компанија Liberty Media. Шеф на F1 и официјално ќе стане Чејс Кери, кој го смени Берни Еклстоун, а заедно со него работат и Шон Братчес, кој дојде од ESPN, како и Рос Браун.
Новото лого всушност е првото во серијата сериозни промени, кои претстојат во F1 шампионатот. За сезона 2021 година се очекуваат нови технички правила и нови мотори, а ќе има и лимитирање на буџетите, нов начин на распределба на приходите помеѓу тимовите… Секако, една од првите промени ќе биде уште сериозното навлегување на F1 во дигиталниот свет и дигиталните медиуми, бидејќи Берни до последно држеше до тоа дека телевизијата, при тоа платената, е најважниот партнер на светскиот шампионат.