fbpx

Hyundai покажа нови тизери за новиот Bayon

Hyundai кон крајот на ноември минатата година официјално го најави новиот мал кросовер наречен Bayon, а сега објавува и нова доза на тизери

Корејскиот производител Hyundai ќе го проширува својот опсег со нов кросовер модел наменет за европскиот пазар. Новиот модел се нарекува Bayon, а Hyundai објави нови тизери со кој се најавува неговиот дизајн, кој е подеднакво ексцентричен како и Kona.

Престојниот кросовер за Европа останува доследен до дизајнерскиот јазик на компанијата наречен Sensuous Sportiness, a Bayon ќе се карактеризира со сличен дизајн на предните светла како и кај моделот Kona. За модел толку мал, предната решетка се чини дека е невообичаено голема и е комплементирана со отвор кој е поставен меѓу LED дневните светла. Сличностите со Kona завршуваат тука, бидејќи задниот дел е сосема поинаков и се одликува со различни задни светла со LED светлосен потпис дизајниран да потсетува на стрела. По она што може да се забележи, се чини дека Bayon ќе добие и светлосна лента која ќе се протега на целиот заден дел на автомобилот.

Hyundai не сака да открива многу детали кога станува збор за техничките спецификации нa моделот, но со оглед на тоа дека Bayon ќе биде влезен модел во кросовер/SUV гамата на корејскиот бренд, не треба да се очекува нешто којзнае колку возбудливо. Веројатно ќе добие трицилиндерски агрегат и ќе има погон на предните тркала, со можност за избор меѓу мануелен и автоматски менувач со двојна спојка.

Bayon треба да биде одговор на Ford Puma и Toyota Yaris Cross, но со нешто поексцентричен дизајн со цел да се издвојува. Под екстериерот се очекува да биде мошне сличен како i20.

Субкомпактниот кросовер се очекува да пристигне во продажба во Европа во првата половина од 2021 година, што значи дека официјалното претставување ќе се случи во следните неколку недели.

Поврзани вести

Back to top button