fbpx

Официјална премиера на Chevrolet Bolt и Bolt EUV

Електричната офанзива на General Motors започнува со силно темпо откако комапнијата ги претстави новите Chevrolet Bolt и Bolt EUV за 2022 година

Chevrolet Bolt и Chevrolet Bolt EUV се одликуваат со храбар дизајн, прифатливи цени и опсег на движење од најмалку 402 километри. Овие два модели се дел од планот на General Motors за лансирање на 30 нови електрични возила од 2025 година. Можеби не станува збор за спектакуларни возила како некои други американски електрични модели на компанијата, како што се Cadillac Lyriq или GMC Hummer EV, тие ќе одиграат важна улога во настојувањето на GM кон иднина без емисии на CO2.

Chevrolet Bolt

Од претставувањето во 2017 година, Bolt забележа солиден успех, со оглед на тоа дека компанијата успеа да продаде преку 100.000 единици на глобално ниво. Најважно од се, 75 проценти од купувачите за прв пат биле клиенти на GM. Chevrolet има намера да го надогради тој успех со овозможувањето на електричниот хечбек да добие еден футуристички фејслифт. Како дел од „преобразбата“, моделот доби целосно нов преден дел кој се одликува со нови фарови и high-eye дневни светла. Дизајнерите исто така се одлучија да постават и „лажна решетка“ и додавање на една покарактеристична хауба. Промените продолжуваат и на задната страна, каде се наоѓа позаоблениот заден браник со потенки рефлектори. Вратата од багажникот исто така е нова и инкорпорира помодерни и постилски задни светла.

Chevrolet Bolt

Chevrolet при изработката на новиот Bolt ги контактираше актуелните сопственици за да добие нивни фидбек. Иако многумина од нив беа среќни со возилото, тие не беа воодушевени од ентериерот. Со цел да ги реши овие проблеми, Bolt за 2022 година е опремен со нов управувач, потрадиционална контролна табла и команди со повисок квалитет. Моделот исто така добива и „лебдечка“ централна конзола.

Chevrolet Bolt

Тоа е само површински, бидејќи редизајнирани се и седиштата кои добиваат и контрастни конци и триаголна геометриска шема. Возачите пред себе ќе најдат и 8-инчна дигитална инструмент табла и унапреден 10,2-инчен инфозабавен систем. Истиот сега поддржува Apple CarPlay и секаков друг вид на апликации. Асортиманот на апликации вклучуваат и Alexa, Spotify и The Weather Channel.

Chevrolet Bolt EUV

Иако Bolt EUV има сличен изглед, не споделува каросериски панели со Bolt. Меѓу промените се и поистакнатата предница, покривни шини и карактеристични задни светла. Инаку, кросоверот е 160 милиметри подолг и има меѓуосовинско растојание подолго за 74 милиметри Со тоа се овозможува попространа кабина. Останатите димензии во ентериерот се во најголем дел идентични со Bolt и двата модели имаат максимален багажен капацитет од 1.614 литри.

Chevrolet Bolt

И додека ентериерот во најголем дел е пресликан, Bolt EUV е подобро опремен. Купувачите ќе најдат и бежичен полнач за телефони како стандарден дел од опремата. Кросоверот исто така може да биде опремен и со опции како панорамски сончев покрив, греење и вентилирање на предните седишта и греење на задните седишта.

Chevrolet Bolt

Bolt EUV ќе стане првиот Chevrolet и прв електричен автомобил со Super Cruise полуавтономниот возачки систем. Ова овозможува возење без раце на повеќе од 321.869 километри во САД и Канада. Овој систем ќе биде дел од опционалната опрема. Кога станува збор за системите за асистенција на возачот, двата Bolt модели пристигнуваат стандардно со автоматско сопирање во итни случаеви, предупредување за преден судир, сопирање и детектирање на пешаци и одржување на коловозна лента со предупредување за напуштање на истата. Меѓу опциите се и адаптивниот темпомат, Rear Cross Traffic Alert и HD Surround Vision систем.

Двата модели се опремени со 65 kWh литиум-јонска батерија која го напојува електромоторот кој испорачува 203 КС и 360 Nm вртежен момент. Ова значи дека двата Bolt модели се одликуваат со погон на предните тркала. Од Chevrolet истакнуваат дека Bolt може да патува 416 километри со едно полнење. Bolt EUV, и покрај своите поголеми димензии и поголема тежина, се очекува да помине 402 километри со едно полнење.

Двата модели имаат способност за 11 kW DC полнење, што му овозможува на Bolt за 30 минути да добие 161 километар опсег на движење. Bolt EUV за истиот период добива 153 километри автономија.

Chevrolet Bolt и Bolt EUV ќе бидат достапни ова лето. Хечбекот стартува по цена од 31.995 долари, што е за 5.500 долари помалку од ланскиот модел. Од друга страна, Bolt EUV стартува од 33.995 долари. Chevrolet исто така ќе понуди и Bolt EUV Launch Edition верзија која пристигнува со специјални беџови, уникатни тркала и панорамски сончев покрив. Тука е и осветлениот отвор за полнење и Super Cruis полуавтономен возачки систем. Цената на овој модел е 43.495 долари.

Поврзани вести

Back to top button