fbpx

Cupra официјално го претстави Formentor VZ5

Шпанскиот бренд официјално го претстави новиот Formentor VZ5 кој пристигнува со 2,5-литарскиот турбо мотор на Audi и е официјално најбрзиот Cupra автомобил досега

Volkswagen не доби дозвола од Audi Sport за да го користи нивниот 2,5-литарски петцилиндерски турбо мотор за новиот Golf R, но ситуацијата со Cupra е сосема поинаква, а плод на сето тоа е најмоќниот модел на шпанскиот бренд досега – Formentor VZ5. Официјално претставен преку онлајн настан, новиот Formentor VZ5 се одликува со моќност од 390 КС и 480 Nm максимален вртежен момент, што е за 10 КС повеќе во однос на RS Q3 и RS Q3 Sportback. Спринтот од нула до „стотка“ го достигнува за 4,2 секунди, што е 0,3 секунди побрзо од своите германски „роднини“, додека максималната брзина е ограничена на 250 километри на час.

Моќноста се пренесува на 4Drive системот за погон на сите четири тркала преку седумстепениот DSG автоматски менувач со двојна спојка, а Formentor VZ5 е поставен 10 милиметри пониско во однос на Formentor VZ. Перформансниот кросовер се оддликува со адаптивна контрола на шасијата (DCC) со 15 нивоа на подесување на потпирањето, додека сопирачката моќ се обезбедува преку Akebono сопирачките. Спортскиот SUV е поставен на 20-инчни тркала кои се ексклузивни за овој модел.

Кога станува збор за специјалните одлики, тука треба да се истакне и скулптурната хауба, мат црната обвивка на решетката, поголеми отвори за воздух на предниот браник, променетиот карбонски дифузер и дојагонално поставените издувни цевки со бакарен трим. Cupra монограмот е поставен на средина на задниот дел и има црн хромиран изглед, а веднаш до него се наоѓа и VZ5 логото. Formentor VZ5 пристигнува и со ексклузивен Taiga сив финиш на екстериерот, а купувачите исто така можат да се одлучат и за Midnight црна, Magnetic Tech Matt и Petrol Matt сина боја.

Спортски ентериер

Спортските седишта, популарните „кадици“ се достапни во сина или црна кожа и исто така се дел од оваа „преобразба“, додека кокпитот е обложен со исполиран црн алуминиум и бакарни акценти. Купувачите исто така можат да ги нарачаат Dinamica Black ексклузивните графики, како и кафени седишта со Nappа кожа. Во опремата се вклучени и 12-инчниот екран од инфозабавниот систем, Apple CarPlay и Android Auto, гласовно препознавање, персонализирачки дигитален кокпит и друго.

Тука се и големиот број на системи за асистенција, како што се Travel Assist, Side and Exit Assist, Emergency Assist и предвидливиот адаптивен темпомат.

Cupra Formentor VZ5 ќе се произведе во ограничена количина од 7.000 примероци, а моделот ќе биде лансиран во последниот квартал од годината, додека цените допрва треба да бидат објавени.

Поврзани вести

Back to top button