Дамите бираа – Peugeot 208 и 2008 најдобар градски и SUV автомобил
Peugeot 2008 и Peugeot 208 успеаја да се закитат со престижните награди за најдобар градски и најдобар SUV автомобил во изборот за Светски автомобил на годината за жени
На 11-тото издание на изборот за „Светски автомобил на годината за жени“, ова уникатно жири, составено исклучиво од жени новинарки од автомобилскиот сектор, ги избра лауреатите за секоја од 9-те постојни категории. Според тоа, Peugeot 208 ја освои титулата во категоријата најдобар градски автомобил, додека Peugeot 2008 ја освои титулата во категоријата најдобар урбан SUV.
Создадено во 2009 година, жирито за „Светски автомобил на годината за жени“ го сочинуваат 50 жени, новинарки од автомобилскиот сектор кои доаѓаат од 38 различни земји и 5 континенти.
Во изборот на ова жири, Peugeot 208 успеа да ја однесе победата во категоријата најдобри градски автомобили во конкуренција на Toyota Yaris и Honda Jazz. Со признанието „Автомобил на годината за 2020 година“ и веќе освоените 24 награди, Peugeot 208 се наметнува како сериозен адут во B сегментот и придонесува за успехот на гамата на францускиот бренд. Неговиот спортски изглед и прецизен дизајн му даваат врвен карактер кој совршено се вклопува со издигањето на пазарот на брендот Peugeot.
На крајот на јануари 2021 година, од неговото лансирање досега беа продадени 265.000 Peugeot 208 ширум светот.
Peugeot 2008
Од друга страна, Peugeot 2008, пак, е избран за победник во категоријата најдобар урбан SUV против Renault Captur и Kia Sonet. Како симбол на идентитет, Peugeot 2008 целосно ја следи стилската филозофија на гамата на францускиот бренд истовремено истакнувајќи се со својот впечатлив дизајн. Од неговото лансирање, па се до крајот на јануари 2021 година, продадени се 203.000 примероци на Peugeot 2008 ширум светот.
Peugeot 208 и 2008, исто така, ја играат својата улога во ерата на енергетска транзиција на Peugeot бидејќи доаѓаат во бензинска (бензин и дизел) и електрична верзија.
Затоа, Peugeot 208 и 2008 се во трка за главната награда за „Светски автомобил на годината за жени“, чии резултати ќе бидат објавени на 8 март 2021 година, на Меѓународниот ден на жената.