Premium Used со нов салон за Audi и BMW користени возила
Premium Used кој е дел од компанијата Мак Ауто Стар отвори нов продажен салон наменет за користени премиум возила од брендовите Audi и BMW
Со отворањето на вториот салон од ваков вид за користени автомобили од страна на Premium Used, продолжува да се следи претходниот пример со отворањето на салонот за користени возила од марката Mercedes-Benz кој се покажа како навистина успешна приказна во нашата земја, откако за само една година успеа да привлече огромен интерес кај купувачите.
Главната цел на Premium Used и понатаму останува можноста да им понуди на купувачите поголем избор и сигурност при носењето на одлука за купување на користено возило од премиум бренд.
Овие салони се единствени од ваков вид во Македонија, пред се поради фактот дека во понудата се наоѓаат користени возила кои не се постари од 5 години и притоа имаат мал број на поминати километри.
Покрај премиум автомобилите, Premium Used нуди и други премиум услуги за сите свои купувачи, а тука се вклучени и бесплатното сервисирање и 6-месечно бесплатно отстранување на евентуални дефекти на автомобилите. Притоа, треба да се напомене дека секое возило претходно детално се прегледува во сервис, а возилото до новиот сопственик стигнува во исправна состојба.
Освен тоа, клиентите со купувањето на автомобил добиваат и бесплатна регистрација, како и полирање и хемиско чистење на внатрешноста.
За повеќе информации за сите новитети во салонот, посетете го официјалниот сајт на Premium Used во Македонија.