fbpx

Aygo X Prologue е најава за новиот мал кросовер на Toyota

Спротивно на голем број други производители, Toyota останува присутна во А сегментот и го претстави Aygo X Prologue концептот кој ќе го замени градскиот автомобил

Актуелниот Toyota Aygo наскоро ќе замине во пензија, а за таа цел Toyota подготви сосема нов модел кој ќе биде замена за малиот градски автомобил. Новиот мал градски кросовер наречен Aygo X Prologue ќе биде развиен исклучиво од страна на Toyota и ќе претставува значително отстапување од актуелниот модел.

Aygo X Prologue

Со оглед на тоа дека е кросовер, очекувано е и клиренсот да биде поголем, а тука се и поголемите тркала, мускулестата каросерија и остри линии на покривот. Предницата во форма на Х која се наоѓа кај актуелниот модел ја нема, а наместо тоа, предниот дел на Aygo X Prologue има далеку почист дизјан, со „двослојна“ хауба и светлечки групации во форма на буквата С, кои се споени со светлечка лента. Во браникот се инкорпорирани многу поголема долна решетка, два странични отвори за воздух и LED магленки.

Задниот дел изгледа еволутивно, со вертикални задни светла, споени со уште една LED светлечка лента, позиционирани на двете страни од широката задна врата. Меѓу останатите карактеристики тука се и скриените рачки на вратите и камерите поставени во обвивките на ретровизорите, кои се користат за „споделување на специјални моменти од истражувањата“, според Toyota. Фотографии од ентериерот засега не се објавени.

Продукцискиот модел ќе биде изграден на истата платформа како и најновиот Yaris. GA-B архитектурата е компатибилна со различни мотори, а кросоверот наводно ќе биде лансиран со мал бензински мотор со цел да остане со пристапна цена.

Од Toyota не открија ништо околу официјалниот датум на претставување на нивниот нов мал кросовер Aygo X Prologue, а според некои најави, премиерата ќе се случи или кон крајот на годинава, или во првата половина од 2022 година.

Поврзани вести

Back to top button