Saab 9-3 се препороди како електричен автомобил
Кинескиот конзорциум National Electric Vehicle Sweden (NEVS) претстави електромобил на базата на Saab 9-3
Моделот ќе се произведува во градот Тијанџин од јуни следната година.
Надворешно NEVS 9-3EV се разликува минимално од втората генерација на Saab 9-3, кој беше запрен од производство во 2014 година.
На инструмент таблата има дигитален панел наместо аналогни инструменти, нов мултимедијален систем со екран на допир и централна конзола со џојстик за управување со преносот.
Новиот кинеско-шведски електромобил има мотор со моќност од 177 КС, придвижуван од батерија со капацитет од 144 Ah. Напонот на батеријата не е објавен, но според производителот, автономијата ќе достигне 300 километри.
National Electric Vehicle Sweden (NEVS) ги купи правата за брендот Saab и неговите производни можности во 2012 година. Година подоцна Кинезите обидоа да продолжат производството на 9-3 во Тролхетан.
Во февруари 2016 година, сепак шведскиот концерн Saab AB му забрани на NEVS да го користи името и амблемот на Saab за автомобили за кинескиот пазар, кој беше основа за моделот.