fbpx

Volkswagen го менува своето име во САД

Автомобилскиот гигант Volkswagen има за цел да го промени називот на својата трговска марка на северноамериканскиот пазар

Промената на името на Volkswagen во Соединетите Американски Држави е дел од фокусот на електричните возила, а во иднина Volkswagen ќе се нарекува Voltswagen, што е јасна алузија на електрификацијата на брендот. Оваа промена првично беше најавена во некомплетно прес соопштение на официјалниот вебсајт на компанијата, кое подоцна беше избришано. CNBC успеа да ја „улови“ оваа приказна, открива дека соопштението било закажано за 29 април.

Според документот, новото име е „јавна декларација за компаниските инвестиции во електромобилноста“. Новото име ќе се појави на електричните модели на германскиот производител, што значи дека кратенката VW ќе се задржи и понатаму, а освен тоа што Voltswagen во иднина ќе ги краси ЕВ моделите, возилата со мотор на внатрешно согорување ќе го имаат само VW логотипот, без комплетното име на компанијата.

„Новото име и брендинг го симболизираат напредниот електричен интензитет кој го започнува Voltswagen, следејќи ја целта за придвижување на луѓето со електрични возила“, стои меѓу другото во соопштението на производителот, пренесува USA Today, кој исто така успеа да ја „фати“ објавата пред истата да биде избришана.

Во соопштението исто така се истакна дека моделите со мотор на внатрешно согорување ќе ја задржат темносината нијанса во нивното лого, а светлосината нијанса ќе биде наменета за електричните возила со цел дополнително разликување на моделите. Ова име сепак ќе биде само за САД. Volkswagen ќе го задржи старото име во Европа, а Voltswagen ќе биде подружница на Volkswagen Group of America.

Дека ова не е шега, медиумите добија потврда од извор близок до раководството на VW во Америка. Во меѓувреме, производителот започна со испораките на новиот ID.4 во САД, кој засега е единствениот електричен автомобил на марката на северноамериканскиот пазар, но се очекува во блиска иднина во понудата да се најдат повеќе модели.

Поврзани вести

Back to top button