fbpx

SVAutobiography подготви Ultimate Edition верзии на Range Rover

Land Rover ги претстави Ultimate Edition верзиите на Range Rover SVAutobiography кои пристигнуваат со уште поголем комфорт и уште поголем луксуз

Range Rover Ultimate Edition од SVAutobiography моделите се достапни во Dynamic спецификација и со продолжено меѓуосовинско растојание, а се рачно финиширани од страна на SV Bespoke дивизијата во Special Vehicle Operations техничкиот центар во Велика Британија.

Како варијана која е најмногу фокусирана кон возачот, Dynamic се одликува со специјално подесен систем на потпирање и управување, 8 милиметри пониска поставеност и може да се добие со еден од двата мотори, зависно од желбата на купувачите. Едниот е V8 бензинецот со 565 КС, а вториот е P400e plug-in хибридот, кој нуди целосно електричен опсег од 40 километри.

Range Rover Ultimate

Она што ги издвојува Ultimate Editions варијантите на Range Rover во однос на остатокот од гамата се Orchard Green финишот на каросеријата, Narvick Black контрастниот покрив и капаците од ретровизорите, бакарните акценти на беџовите на екстериерот, Graphite Atlas деталите на решетката, предниот браник, крајот на хаубата и страничните отвори за воздух, како и 22-инчните двобојни тркала.

Range Rover Ultimate

Сето ова е комплементирано со препорачаниот Ebony / Vintage Tan трим во внатрешноста, или кожениот тапацир од Poltrona Frau, дијамантска шема на седиштата, Steel Weave Carbon Fiber тримот и Ebony прекривката на покривот. Закривениот финиш на ротацискиот селектор на брзини, копчето за стартување и педалите, како и анодизираните црвение елементи на лопатките за менување на брзини, специјалната плакета и Zenith часовникот исто така се вклучени.

Моделот со подолго меѓуосовинско растојание нуди простор за нозете на задните седишта од 1,2 метри и е опремен со power-closing задни врати, седишта со подесување на нагибот за потпирање и функции за греење, ладење и масажа, потоа мал фрижидер и ред други работи кои го носат луксузот и комфорот на уште повисоко ниво.

Цената на Range Rover SVAutobiography Ultimate Edition V8 почнува од 183.706 фунти на домашниот пазар, додека SVAutobiography Dynamic може да се нарача од 147.441 фунти.

Поврзани вести

Back to top button