fbpx

Ford Ranger доби две нови верзии за Европа

Ford продолжува да ја унапредува поставата на својот модел Ranger, а сега пристигнаа две нови Limited Edition верзии за европските купувачи

Додека да пристигне новата генерација, Ford продолжува да го унапредува Ranger. Пикап камионетот веќе има неколку верзии во САД и Европа, а компанијата сега додаде две нови варијанти во поставата за Стариот континент. Станува збор за Ranger Stormtrak и Ranger Wolftrak.

Опишани како модели во ограничено издание, двата нови додатоци во поставата ќе играат различна улога во хиерархијата на „Синиот овал“. Stormtrak е попремиум верзија со карактеристични визуелни промени и нови карактеристики, додека Wolftrak е за оние кои уживаат во „авантурите и посакуваат одлични оф-роуд перформанси без да се прави компромис во комфортот и посакуваноста на моделот“.

Ford Ranger Stormtrak е базиран на Wildtrak серијата и се одликува со LED фарови, дополнителна заштита за подвозјето и црн заден браник. Во внатрешноста, се наоѓаат кожни седишта од Ranger Raptor моделот извезени со Stormtrak логоа и странични потпирачи обложени со техничка ткаенина.

Ranger

Моделот ќе се произведе во ограничени количини со цел да обезбеди ексклузивност, а Ranger Stormtrak се напојува ексклузивно со 2,0-литарскиот битурбо дизел мотор. EcoBlue агрегатот испорачува 215 КС и 500 Nm максимален вртежен момент, кои се пренесуваат на сите четири тркала благодарение на 10-степениот автоматски менувач и стандардниот селектор за системот за погон на сите четири тркала.

Од друга страна Ranger Wolftrak пристигнува со 2,0-литарски турбо агрегат со 170 КС и може да се нарача или со шестстепен мануелец или со 10-степениот автоамтик. Како стандард, оф-роуд опремата вклучува слектор за системот за погон на сите четири тркала, со shift-on-the-fly функција, електронско заклучување на задниот диференцијал и пневматици за сите терени.

Ranger

Од Ford очекуваат ограничениот Wolftrak да биде привлечен за „клиентите кои се занимаваат со земјоделство, шумарство и индустриите кои се занимаваат со надворешна работа, како и кај приватните купувачи“.

Ranger

Ranger Stormtrak и Rаnger Wolftrak ќе се најдат во продажните салони на Ford ширум Европа во октомври оваа година.

Поврзани вести

Back to top button