Викенд тарифа: Новиот трејлер за Fast 9 најавува луда забава
Fast & Furious сагата е во исчекување на деветтото издание во серијалот наречено Fast 9 или F9, што е сага за себе, бидејќи филмот постојано се одложува
Пандемијата на коронавирусот направи проблем и во филмската индустрија, па деветтото продолжение од Fast & Furious серијалот, наречен Fast 9, доживеа неколку одложувања, за конечно 25 јуни да биде одреден како конечен датум за објавување на толку очекуваниот филм. Датумот е потврден со најновиот трејлер, во кој е прикажано жестока акција и бесни автомобили, а во филмот ќе се појават и голем број на познати и препознатливи ликови. Најдобро е да го погледнете видеото во прилог и да се уверите самите.