fbpx

Jeep дефинитивно го враќа Grand Commander во гамата

Концернот FiatChrysler Automobiles, кој е сопственик на брендот Jeep, регистрира ново име

Ова е објавено од страна на медиумите во Кина, според кои вака ќе се именува новиот SUV на Јеер со 7-седиштата.

Американците нудеа на пазарот модел под ова име во периодот 2005-2010 година, но на крајот се откажаа поради слабата побарувачка. Сега, сепак, тие имаат намера да го вратат во својот асортиман, при што главниот пазар за автомобилот ќе е Кина. Jeep веќе го покажа претходникот на овој модел  концептот на Yuntu, кој премиерно беше прикажан на Snaghai Auto Show, во април годинава. Серискиот кросовер ќе добие нов дизајн на предниот дел, со карактеристични предни фарови и се очекува многу да наликува на Grand Cherokee. Се разбира, задните врати ќе бидат стандардни и нема се отвораат една кон друга, како што беше случајот на концептот. Во агрегатската понуда на Jeep Grand Commander ќе има 2.0-литарски бензински турбо мотор, кој ќе развие 270 КС. Исто така, ќе има верзија на хибриден погон, како што е Yuntu, но детали за ова сеуште нема.

1 | Grand Commander
2 | Grand Commander

    Поврзани вести

    Back to top button