fbpx

Шангај 2021: Genesis влегува во ЕВ ерата со Electrified G80

Genesis официјално го претстави Electrified G80, првиот целосно електричен модел на брендот кој дебитираше на Салонот за автомобили во Шангај

Јужнокорејскиот производител Genesis влегува во ерата на електричните автомобили со својот прв целосно електричен модел наречен Electrified G80 кој дебитираше на Салонот во Шангај. За напојувањето на овој модел се задолжени два електромотори кои заеднички испорачуваат 365 КС и 700 Nm вртежен момент, кои подеднакво се распределени меѓу предната и задната оска. Од Genesis велат дека целосно електричниот G80 од нула до 100 километри на час стигнува за 4,9 секунди.

Производителот го опреми својот електричен автомобил со 400 и 800 волтен мулти-рапиден полначки систем кој им овозможува на купувачите да користат различни полначки инфраструктури. Genesis се уште го нема откриено капацитетот на литиум-јонската батерија на моделот, но истакнува дека ќе има опсег на движење над 500 километри според NEDC циклусот и од 10 до 80 проценти ќе може да се наполни во само 22 минути.

Electrified G80 моделот исто така се карактеризира и со Disconnector Actuator System кој може автоматски да го конектира или дисконектира моторот базирано на различни возачки услови, вклучително и брзинатна возилото и возачкиот режим, за да овозможи лесно менување меѓу погонот на две или сите четири тркала.

Со цел да го направи возилото поудобно и побесшумно, Genesis го опреми со Active Noise Control-Road систем кој го намалува нивото на бучава во кабината преку мерење и анализирање на патната бучаца со четири сензори и шест микрофони вградени во возилото.

Малку визуелни модификации се направени на Electrified G80, иако поседува голема затворена решетка. Genesis го опреми ентериерот со голем број природни и рециклирани материјали, вклучително кожа која користи природна фарба во седиштата, конзолата и задните седишта. Тука се и елементите направени од рециклирано дрво. Автомобилот може да се нарача во Matira Blue или Dark Green бои.

Деталите околу цената за новиот Genesis Electrified G80 допрва треба да бидат објавени.

Поврзани вести

Back to top button