fbpx

Шангај 2021: Lexus со серија унапредувања за ES

Еден од најпопуларните седани на Lexus, моделот ES, доби неколку унапредувања за 2022 моделската година, а истите беа прикажани на Салонот во Шангај

Lexus ES за 2022 година пристигнува со неколку промени, а освежениот луксузен седан беше претставен на Салонот во Шангај. Почнувајќи од екстериерот, рестилизираниот ES е опремен со нова решетка која „го нагласува елегантниот дизајн на возилото со серија на концентрирани L форми кои зрачат од амблемот на Lexus“. Решетката е придружувана од нови LED предни светла, заедно со новата ревидирана палета на бои каде Iridium и Cloudburst Gray ги заменуваат Atomic Silver, Silver Lining и Nebula Gray.

Останатите промени се лимитирани, но освежениот ES добива унапредени тркала, вклучително стандардните 17-инчни кои имаат „подебели краеви на краците кои се обложени со V формации со цел да создадат спортска импресија“. Седанот исто така ќе биде опремен со унапредени 18-инчни тркала, додека F-Sport варијантите ќе дојдат со ексклузивни 19-инчни тркала со нов црн финиш.

Екраните на допир станаа неизоставен дел во автомобилската индустрија и се наоѓаат речиси секаде, притоа заменувајќи ги сите традиционални контроли. Сепак, неколку производители одолеваат на ваквиот тренд, меѓу кои е и Lexus, но јапонската компанија полека ги прифаќа екраните, па така и ES добива бенефит со новото освежување. Во согласност со тоа, 8,0-инчниот инфозабавен систем пристигнува како стандард, додека 12,3-инчен екран е достапен како опција. Без оглед на тоа кој ќе го изберете, двата функционираат на допир и се поместени 109 милиметри понапред со цел да бидат поблиску до возачот. Новитет кај освежениот Lexus ES се и дигиталните ретровизори, кои се дизајнирани да понудат подобар преглед на страничниот заден дел во однос на традиционалните огледала, особено во ноќни и врнежливи услови.

Промени кај безбедносните и системот на потпирање

Моторните опции остануваат исти, но тука е новата ES 300h F-Sport верзија, која ги комбинираа сите вообичаени F-Sport карактеристики со еколошки хибриден погон кој би требало да испорачува 218 КС. Покрај ова, ES 350 F-Sport ќе се понуди со нов Dynamic Handling Package. Моделот се одликува со Sport+ и Custom возачки режими како адаптивен варијабилен систем на потпирање. Возачите исто така ќе се сретнат со унапреден сопирачки систем со погоелма педала за подобра стабилност на стапалото.

Lexus ES

Lexus ES ќе се нуди стандардно со новиот Lexus Safety System+ 2.5 пакетот на системи за асистенција на возачот. Покрај ова, унапреден е All-Speed Dynamic Radar темпоматот, благодарение на кој можете да ги претекнувате побавните возила со вклучување на индикаторот за насока, по што автомобилот самиот ќе забрза, а по враќањето во лентата, возилото ќе продолжува со забрзувањето додека не ја постигне претходно поставената брзина.

Други нови карактеристики се Curve Speed Reduction функцијата, која може автоматски да го забави возилото низ одредени свиоци. Асистенцијата за следење на коловозната лента исто така добива „унапредено препознавање на курсот и може да го следи движењето на блиските возила во останатите ленти, за подобро центрирање“.

Освежениот Lexus ES седан ќе се појави во продажба во Европа подоцна во текот на оваа година.

Поврзани вести

Back to top button