fbpx

Ford е најбараниот бренд на автомобили на Google за 2017 година

На крајот на секоја година Google ја претставува својата анализа за најбараните теми во последните 12 месеци

Според неа Ford е најбараната автомобилска марка низ пребарувачите на веб гигантите, а анализите ја опфаќаат статистиката за Северна Америка. Ова е она што го објаснува и фактот дека чисто американските модели се рангирани како најбараните. Тоа се Fusion, американскиот брат на Mondeo, F-150 и Explorer.

Google

Ford најбаран автомобилски бренд на Google

По Синиот овал во ова рангирање следи Lexus, а според анализите Јапонците се најпопуларни во Калифорнија, Флорида и Џорџија. Stinger ја рангираше Kia на трето место, со голема поддршка од Optima, Sorento и Soul. По Корејците се подредуваат Toyota, Buick, Acura, Tesla, Hyundai и Dodge, а последната компанија, очекувано, регистрира најголемо пребарување во април, кога на виделина се појави Demon.

Поврзани вести

Back to top button