Викенд тарифа: Ограничен Ferrari 488 Pista Piloti против McLaren 720S
Пред три години, Ferrari претстави специјална верзија на 488 Pista наречена Piloti Ferrari Edition, а сега овој модел застанува на мегдан со McLaren 720S
Ferrari 488 Pista и McLaren 720S на прв поглед треба да понудат мошне израмнета трка, пред се поради тоа што 488 Pista се напојува со 3,9-литарски битурбо V8 мотор кој испорачува 720 КС, исто колку што испорачува и 4,0-литарскиот битурбо V8 мотор на McLaren 720S. Освен тоа, двата модели имаат трансмисија со двојна спојка, имаат launch control систем и погон на задните тркала.
Како ќе резултира оваа трка меѓу Ferrari 488 Pista во ограничено издание наречено Piloti, против McLaren 720S кој веќе се има докажано како сериозно драг оружје.
https://youtu.be/SR1_ziAOt58