Aston Martin ќе понуди Vantage со V12 мотор
Британската компанија Aston Martin ќе понуди неколку модификации за новата генерација на моделот Vantage
Британската компанија Aston Martin ќе понуди неколку модификации за новата генерација на моделот Vantage, односно нејзините клиенти ќе може да бираат верзии со рачен менувач, како и со V12 мотор. Ова го соопшти генералниот директор на брендот Енди Палмер за Autocar.
Новата генерација на Aston Martin Vantage во моментов се нуди само со 4.0- литарски V8 мотор на Mercedes AMG, кој е комбиниран со 8- брзински автоматски менувач ZF. Моќноста на агрегатот е 510 КС, а вртежниот момент 685 Nm. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,6 секунди, а максималната брзина е 314 km/h. Пред новинарите Палмер изјави дека конечната одлука за лансирање на моделот со V12 мотор сеуште не е донесена, но кај да е тоа се очекува.
Моторот на Vantage е дизајниран како кај DB11 верзијата.
Изданието нагласува дека основната задача пред екипата на Aston Martin е да се обиде најголемиот мотор да го имплементира така „ за да не се наруши совршениот баланс, кој е постигнат во сегашната верзија на Vantage”. Моторот V12 е многу потежок и има потреба од дополнителна опрема. Палмер додаде дека сигурно ќе биде додадена верзија со V8 моторот со механички менувач. Се очекува наскори и модификација на Aston Martin Vantage Roadster. Овие две машини ќе бидат достапни во следните 18 месеци.