fbpx

Stellantis го најави формирањето на новот Design Studio

Групацијата Stellantis има големи планови кога станува збор за развојот на компанијата, а меѓу нив има место и за сопствено дизајнерско студио

Stellantis го најави формирањето на новото Stellantis Design Studio, креативна агенција која ќе овозможи дизајнерски услуги за компаниите кои се занимаваат со се почнувајќи од транспорт, преку индустрија, па се до производство и многу повеќе.

Новото студио најверојатно ќе биде надградено врз актуелното Peugeot Desing Lab кое се одликува со деветгодишно искуство и над 120 колаборации, а ќе ја прошири својата експертиза и кај останатите брендови на групацијата како Maserati, Jeep, DS Automobiles и Lancia. Stellantis Design Studio ќе биде предводено од страна на Клаус Бусе и Арно Журнак, а и двајцата имаат искуство со забележителни улоги во компанијата.

Stellantis Design Studio

Клаус Бусе во моментов ги надгледува Maserati и Jeep Europe, а отсега, тој исто така ќе ја преземе улогата на шеф на дизајн во новото Stellantis Design Studio. Неговата работа исто така ќе биде и проширување на студиото кон останатите брендови.

„Успешната приказна и успесите на Peugeot Design Lab немаат конкуренција. Екстензијата на оваа експертиза и искуство на сите наши брендови отвара неспоредливи перспективи“, истакна Бусе.

Peugeot Design Lab продолжува да функционира

Арно Журнак е директор на Peugeot Design Lab како и на Cycles Peugeot, а заедно со Бусе овозможи да се одведе новото Stellantis Design Studio во неговата глобална експанзија.

„Кога ќе се погледне нашето бренд портфолио, дизајнерите на Stellantis ги креираа некои од највозбудливите и визуелно привлечни возила во автомобилската индустрија. Планираме да ја земеме таа креативна енергија и да ги понудиме нашите клучни вештини на нашите глобални екстерни партнери со цел да им помогнеме да го одведат својот бренд и дизајнерски проект на следното ниво. Ќе работиме да го прошириме нашиот досег со основање на нови партнерства со глобални клиенти од сите хоризонти“, изјави Журнак.

Peugeot Design Lab и понатаму ќе функционира паралелно со Stellantis Design Studio, со клучна улога да се осврнат на проектите на Peugeot преземени надвор од автомобилскиот сектор. Како што ќе одминува времето новото дизајнерско студио планира постепено да го вметнува ова знаење и да го примени на останатите свои брендови.

Поврзани вести

Back to top button