In memoriam: Tомислав Билјарац (1940-2017)
Почина Томислав Биљарац - Томби, доајен на македонското автомобилско новинарство, основач на ревијата Авто Плус
Најстариот македонски автомобилски новинар познат како Томби, над 40 години активен во радио, новински изданија, магазини, ревии и протагонист во сите сегмети на автомобилската индустрија во нашата држава, не е веќе со нас. Последна почит роднините и пријателите ќе оддадат утре(вторник) на градските гробишта Бутел, а колегите и соработниците ќе оддржат кратка комеморација во амфитеатарот во АМСМ во 13 часот.
Томислав Биљарац – Томби:
– зачетоци во Радио Скопје, во рубриката за сообраќај
– повеќе децении главен и одговорен уредник на изданието на Здруженито на возачите – Современ возач
– член на жирито за избор на Автомобил на годината на Југославија
– творец и сопственик на првата авто-мото ревија во независна Македонија – Авто Плус
– иницијатор и основач на жирито за избор на Автомобил на годината во Македонија
– еден од поставувачите на темелите на салонската манифестација „АВТО ЕКСПО“ која се одржуваше на Скопскиот саем долги години
– еден од основачите на жирито AutoBest
– добитник на многу признанија и награди како на просторите на некогашна Југославија, така и во независна Македонија
AutoBest: Селиктар, Кинди, Варди, Биљарац