fbpx

Новиот Ford Ranger доаѓа во Детроит во јануари?

Неколку независни извори навестуваат дека Ford ќе ја покаже новата генерација на својот Ranger за време на изложбата во Детроит на почетокот од следната година

Иако trucks.com дава јасни индикации дека ова ќе се случи наскоро, сè уште нема децидна потврда од производителот. Според порталот следната генерација Ranger, кој ќе се врати и на пазарот во Америка, ќе се базира на веќе постоечка платформа и ќе се потпира на класична конструкција со рамка. Целта на Синиот овал ќе биде да се создаде достапен, цврст и многу издржливи пикап, кој ќе се продава буквално низ целиот свет. Со изборот на рам- суспензија наместо независна конструкција, Ranger ќе остане еден од ретките слични модели на пазарот.

Ranger

Една од одличните нови функции на моделот ќе биде новата 10- брзинска автоматска трансмисија, што ќе ја замени сегашната 6- степена. Исто така се планираат и нови мотори, како и врвниот 3.5 литарски V6 со над 300 КС, кој ќе биде достапен и за американскиот пазар.

Поврзани вести

Back to top button