fbpx

Минхен: ID.Life е најава за малиот и пристапен ЕВ на Volkswagen

Volkswagen го претстави својот нов и мал концепт ID.Life на Салонот во Минхен кој е најава за новиот електричен автомобил

Германскиот производител Volkswagen најави дека во својата понуда ќе внесе мал електричен автомобил кој ќе биде со пристапна цена и достапен за сите. Како своевиден предвесник на овој револуционерен ЕВ, Volkswagen го прикажа ID.Life електричниот концепт на Салонот во Минхен.

Станува збор за автомобил кој пристигнува со карактеристики кои досега не се видени кај други ID модели, заедно со ретро дизајнот. Овој концепт е всушност најава за престојниот ID. модел кој треба да биде пласиран во сегментот на мали градски автомобили во 2025 година и ќе има цена од околу 20.000 евра.

ID.Life претставува своевидна визија на Volkswagen околу иднината на мобилноста за помладите генерации, а концептот е базиран на помалата варијанта на MEB платформата и за првпат кај еден ваков модел, пристигнува со погон на предните тркала. Концептот се напојува со електромотор од 230 КС, овозможувајќи му на автомобилот да го достигне спринтот до „стотка“ за 6,9 секунди. Енергијата се складира во 57 kWh батерија која нуди опсег на движење до 400 километри.

Дизајнот на екстериерот на ID.Life исто така е приказна за себе, а за разлика од ID.3, ID.4, ID.5 и ID. Buzz, кои споделуваат мошне слични дизајнерски елементи, ID.Life се одликува со коцкаст, ретро изглед, карактеристични за старите хечбек модели. Со оглед на ова, има исправена и рамна форма која инкорпорира интригантна предница каде LED фаровите, VW логото и светлечката лента делуваат дека се „претопувачки“ инсталирани во самата каросерија. На задниот дел се наоѓаат LED светла и светлечка лента по примерот на предниот дел.

Volkswagen ID.Life

Volkswagen ID.Life концептот прикажан во Минхен исто така добива и двобојна црна и бела шема. Исто така, автомобилот се одликува со отстранлив текстилен покрив направен од 100-проценти рециклирани PET шишиња.

Ентериер фокусиран на искуството и иднината

Голем број на интригантни карактеристики можат да се најдат и во кабината. На пример, Volkswagen ID.Life е опремен со екран за проектор кој се извлекува од контролната табла, прекривајќи го внатрешниот дел од предното стакло. Потоа, се користи проектор за прикажување на мултимедија на овој експанзивен 34-инчен екран. Може да се користи за гледање филм, а концептот дури поседува и своја конзола за видео игри.

Покрај ова, VW го опреми ID.Life со флексибилна седечка постава нудејќи голем број на различни конфигурации. На пример, предната седечка клупа може да се преклопи, овозможувајќи им на патниците од задната клупа да ги користат предните седишта како потпирачи за нозе, а притоа да ги навалат своите седишта и да уживаат гледајќи филм во таканаречениот „кино режим“. Задните седишта исто така можат целосно да се навалат и со тоа да се креира кревет долг два метри.

Volkswagen ID.Life

Концептот не поседува традиционален инфозабавен екран. Тоа е така бидејќи се потпира на паметниот телефон или таблетот на возачот кој може да се закачи на контролната табла со магнет. Паметниот телефон може да се интегрира во оперативниот систем и да се користи за контролирање на повеќето клучни одлики на возилото. Ентериерот исто така е опремен со различни одржливи материјали, вклучително и био-масло, природна гума и арпи.

„Со креирањето на ID. Life, ние конзистентно се фокусиравме на потребите на помладите клиенти. Веруваме дека автомобилот на иднината ќе се врти околу животниот стил и личната експресија. Клиентите на иднината нема да сакаат само да стигнат од А до Б, ќе бидат повеќе заинтересирани во искуствата кои автомобилот ги нуди. ID. Life е нашиот одговор на ова“, изјави Ралф Брандштетер, првиот човек на Volkswagen.

Поврзани вести

Back to top button