Suzuki XBEE, комби/ кросовер за Јапонија
Suzuki Motor Corporation објави дека компанијата ќе го претстави својот мал комби/ кросовер ХВЕЕ по што ќе започнe со продажбата на територијата на Јапонија, а на другите пазари можеби подоцна
Од легендарната автомобилска марка го дефинираат новиот пазарен предлог, всушност како субкомпактен караван SUV, кој нуди пространа кабина во комбинација со својствени за SUV возилата параметри. Моделот ветува одлична применливост како во градска средина, така и во предизвикувачки услови, надвор од патот. Suzuki ХВЕЕ доаѓа со неколку од најновите системи за активна безбедност на брендот, вклучувајќи Dual Sensor Brake Support (DSBS) за избегнување на удар со возило напред Back-up Brake Support за дополнителна безбедност при движење наназад без директна видливост, систем за видео надзор околу целото возило и други.
Новото XBEE доаѓа со 1.0- литарски турбоагрегат, комбиниран со „мек“ хибриден систем и шест брзински автоматски менувач, а моделите со погон на четири тркала располагаат со два дополнителни режими на работа Sport и Snow.