Hyundai Mobis со првото воздушно перниче за панорамски покрив
Hyundai Mobis објави дека компанијата разви прво во светот превентивно воздушно перниче, наменето за употреба во возилата опремени со панорамски стаклен покрив
Главната задача на новиот систем е да попречи на телата на возачот и неговите сопатници да бидат исфрлени од кабината на возилото во случај на сериозна сообраќајна несреќа. Од Hyundai Mobis велат дека единственото превентивно воздушно перниче е интегриран во задниот дел на панорамското стакло и при регистрирање на можност од опасност за патниците се отвора нанапред слично на ролетна. Целиот процес трае само 0,08 секунди.
Клучен предизвик пред екипата на Hyundai Mobis за време на развој на новото воздушно перниче е тоа дека таа треба да функционира апсолутно подеднакво сигурно, независно од тоа дали стаклениот панорамски таванот е затворен или делумно отворен. За да ги обезбеди потребните работни параметри од компанијата се користеле 11 патентирани конструкциски и инженерски решенија.