fbpx

Alfa Romeo работи и на нова Giulietta

По премиерата на седанот Giulia и кросоверот Stelvio, палетата производи на италијанскиот производител Alfa Romeo значително се реновира

Како што веќе најавивме во моментов компанијата работи на два нови кросовери, на купето 4C, а почна и развојот на ново поколение на Giulietta.

-За да може да го надградиме целосно асортиманот на моделите Alfa Romeo, ни требаат уште два автомобила, нешто од C сегментот, како и спортски модел кој е задолжителен за нашиот бренд, коментира главниот технички директор на компанијата, Роберто Федели.

Gulietta

Според информациите, новата Alfa Romeo Giulietta ќе користи во основа намалена, според димензии, платформа од седанот Giulia. И ова значи дека првиот заден хечбек по BMW 1 ќе се појави во C сегментот. Генерално во италијанско- американскиот концерн FCA, кој е сопственик на брендот Alfa Romeo, се откажуваат од моделите со преден погон во овој сегмент (Dodge Dart, Chrysler 200 и Lancia Delta), бидејќи нема никаква оправданост за нивно постоење со оглед на бројките кои ги прават. Нема детали околу динамичките карактеристики и возни својства, но по се изгледа, се ќе биде познато до крајот на оваа, или почетокот на идната година.

Поврзани вести

Back to top button