fbpx

Bugatti Sur Mesure дивизијата дебитира со ретро Chiron Pur Sport

Bugatti ја стартуваше својата Sur Mesure програма со која ќе нуди дополнителна персонализација на своите модели, а првата креација е Chiron Pur Sport Grand Prix

Купувачите на ултра скапи автомобили се големи љубители на специјалните креации по нарачка, а во Bugatti се добро свесни за овој факт. Така, покрај понудата на ограничени продукциски модели како Divo, Centodieci и La Voiture Noire, марката ја објави и програмата Bugati Sur Mesure која е дизајнирана да ја „задоволи растечката побарувачка на клиентите за ултра персонализиран дизајн, материјали и завршна обработка“.

Првиот модел кој е креиран како резултат на новата персонализирачка програма е Bugatti Chiron Pur Sport Grand Prix, кој е инспириран од достигнувањата на тркачкиот возач Луј Кајрон.

Bugatti веќе нуди виртуелно неограничена комбинација на бои на екстериерот и кожни финиши за ентериерот, но новата програма ги носи работите уште подалеку. Клиентите кои ќе ја изберат Bugatti Sur Mesure програмата ќе имаат на располагање специјален тим, кој ќе им помага и ќе ги води во создавањето на нивното „уникатно парче персонализирана автомобилска уметност“. Како што може да се очекува, процесот вклучува повеќе посети на фабриката во Молсхајм, од првичниот концептен дизајн, па се до конечното предавање на моделот.

Bugatti Sur Mesure Chiron Pur Sport Grand Prix

Новиот Chiron Pur Sport Grand Prix е совршениот примерок за оваа програма. Специјалниот Pur Sport е инспириран од „херојските подвизи познатиот тркач на 20-тиот век, Луј Кајрон“. Специјалната „униформа“ со рачно напишаните бројки „32“ на вратите е потсетник на Type 51 тркачкиот автомобил кој триумфираше на Големата награда на Франција во 1931 година од страна на Луј Кајрон и Акиле Варзи.

Bugatti Sur Mesure Chiron Pur Sport Grand Prix

Висока персонализација и внимание на деталите

За екстериерот, Bugatti креираше две нови бои за Grand Prix, инспирирани од тркачките возила од 20-тите и 30-тите години на минатиот век. На екстериерот се наоѓа и рачно обоената „EB“ шема на темно црвената графика како контраст на светло сината завршница на каросеријата, а долните делови се во откриен карбон. Во внатрешноста има изобилие на Алкантара, црн анодизиран алуминиумски на централната конзола, сребрен рачно обоен натпис, црвени акценти, Grand Prix натпис на централната конзола и слична EB шема на панелите од вратите.

„Многу години работевме со нашите клиенти за да ја создадеме нивната сопствена визија за ултимативниот хипер спортски автомобил. Отсекогаш бил високо персонализиран процес, но како што расте бројот на нашите клиенти кои бараат детална персонализација, лансирањето на Bugatti Sur Mesure ќе осигура дека можеме да ги пресретнеме нивните желби со совршеното ниво на детали кои се бараат од Bugatti. Нашите клиенти се длабоко интригирани од мотоспорт наследството на Bugatti, па одлично е што првата Sur Mesure нарачка оддава почит на една од нашите тркачки икони. Толку сме задоволни од оваа креација, што имаме намера неколку од идеите на овој клиент да ги направиме достапни за повеќето наши клиенти со Chiron Pur Sport“, изјави директорот за продажба и маркетинг на Bugatti, Хендрик Малиновски.

Поврзани вести

Back to top button