Volkswagen лани со над шест милиони произведени автомобили
Volkswagen најави дека за прв пат во историјата на компанијата годишното производство го надмина лимитот од 6.000.000 единици
Како главни причини за овој успех, компанијата ја истакнува најголемата продажна офанзива во својата историја, како и зголемената глобална побарувачка на потрошувачите. Моделите Jetta, Golf, Santana, Passat и Polo се најзначајните „виновници“ на новиот рекорд на производство. Volkswagen, исто така, го коментираше зголемениот интерес и за Tiguan и за новопронајдените Polo, Arteon и T-Roc.
Локалните модели како кинеската Santana, исто така, ужива голема побарувачка на пазарот. Во моментов, Фолксвагеновите автомобили се произведуваат во повеќе од 50 фабрики во 14 земји, а од почетокот на своето работење пред 72 години, вкупниот број на реализирани претставници на брендот е над 150 милиони.