fbpx

S1 e-Tron Quattro Hoonitron е специјален Audi концепт за Кен Блок

Во подготвките за неговото прво и целосно електрично gymkhana видео, возачот Кен Блок доби специјален модел од Audi наечен S1 e-Tron Quattro Hoonitron

Кога прославениот тркач и Gymkhana возач Кен Блок и германскиот производител Audi ја најавија својата соработка, јасно беше дека марката ќе произведе специјален модел модел наменет за првото и целосно електрично Gymkhana видео на американскиот возач. Тимот конечно го претстави овој специјален и единечен примерок кој е инспириран од Audi Sport Quattro S1 моделот кој се натпреваруваше на Pikes Peak Hill Climb во 80-тите години. Резултатот е Audi S1 e-Tron Quattro Hoonitron.

Тука не станува збор за модифицирана верзија на тој модел, туку за целосно нова машина дизајнирана од нула со цел да биде модерна машина со целосно електричен погон на сите четири тркала. Уникатниот модел е дизајниран да се одликува со голем број визуелни елементи од класичниот тркачки автомобил со масивно задно крило, рели светла и други карактеристики со модерен e-Tron дизајнерски јазик. Сепак, во моментов, Audi не обезбеди информации околу тоа колкава моќност нуди електромоторот кој е надлежен за придвижување на возилото.

„S1 Hoonitron го комибнира она по што Audi веќе беше препознатлив во 80-тите години на минатиот век. Навистина мислам дека е прекрасно тоа што дизајнерите на Audi се инспирирани од нивното минато и уникатно ја префрлија технологијата и изгледот на автомобилот во модерното време“, изјави Кен Блок.

Audi, Кен Блок и Elektrikhana

Audi S1 e-Tron Quattro Hoonitron се напојува со два електромотори, а моделот добива и шасија изработена целосно од карбон и е дизајнирана според FIA безбедносните стандарди. Инаку, моделот беше направен од дизан во реалност за само четири недели. Ова е процес за кој е потребно една година или повеќе, но според видеото кое е објавено, дизајнерите на Audi биле исклучително возбудени да бидат дел од овој проект. Неколку дизајни биле нацртани, а за сите бил искористен оригиналниот S1 како основа. Победничниот дизајн потоа бил рендериран на компјутер, а наместо изградба на помал модел, Audi веднаш се насочил кон изградба на модел во природна големина.

Audi S1 e-Tron Quattro Hoonitron

Audi S1 e-Quattro Hoonitron наскоро ќе го видиме во акција во првото целосно електрично Gymkhana видео на Кен Блок наречено Elektrikhana.

Поврзани вести

Back to top button