The Originals e нов виртуелен музеј на Renault
Француската компанија Renault овозможи поглед во нивниот виртуелен музеј The Originals каде посетителите ќе можат да видат 21 легендарен модел на марката
Renault е познат по тоа што секогаш наоѓа начин да се изрази поинаку. Така, за првпат во историјата, француската марка ги отвара вратите од својот виртуелен музеј, со досега невиден формат, заедно со нова онлајн продавница. Станува збор за првиот виртуелен музеј на компанијата под називот The Originals. „Влезот“ е бесплатен, а потребна е само интернет врска за сите заинтересирани посетители.
Со претставувањето на овој виртуелен музеј, Renault ги надминува просторно-временските ограничувања, особено во вакви пандемиски времиња. Посетителите од целиот свет можат на мошне едноставен начин да го погледнат богатото наследство на француската марка. Виртуелната колекција, која посетителите можат бесплатно да ја разгледаат, е сочинета од архивски материјали и едноставни технички податоци кои се презентирани на забавен начин.
Виртуелната поставка на музејот е сочинета од 21 легендарен модел на марката кои можат да се доживеат на еден иновативен начин благодарение на фотограметриската технологија. Renault ја избра оваа технологија со цел на посетителите да им овозможи неспоредливо прецизен 3D приказ на своите култни модели. За да се постигне ова, марката изгради единствено студио во кое своите модели ги скенира под точно одредено осветлување. Возилата детално тродимензионално се скенираат, а деловите кои не можат да се скенираат повторно се моделираат и ставаат во постпроизводствен процес.
Бројот на модели во виртуелната збирка ќе се зголеми од крајот на декември, до крајот на јануари идната година и во неа ќе се најдат 50 нови модели, а до крајот на декември 2022 посетителите ќе можат да погледнат 80 модели.
Специјална продавница за најголемите фанови
„Една легенда на поп култрата, како што е Renault, заслужува музеј достоен на своето име. Во него посетителите ќе можат да нурнат во нашето, но и своето минато. На располагање им се и сувенири од колекцијата The Originals кои ќе можат да ги купат во нашата нова онлајн продавница“, изјави Арно Белони, маркетинг директорот на марката Renault на глобално ниво.
Покрај виртуелниот музеј, тука е и The Originals Store, каде посетителите можат да си порачаат промотивни материјали. Онлајн продавницата воедно е и можност за марката да ја зголеми понудата за да ја привлече пошироката публика. Со каталогот кој во моментов содржи 400 производи (минијатури, облека, играчки, додатоци, укарси и слично), меѓу кои и досега необјавени колекции како и најпродаваните производи.
Виртуелниот музеј Renault The Originals можете да го истражите на следниов ЛИНК.