Кина ги укинува ограничувањата за странските производители
Кинеската влада ги укинува ограничувањата на вложувањата од странските производители во домашната автомобилска индустрија од 1 јануари 2022 година
Кина се подготвува за изненадувачки потег, откако тамошната влада одлучи да ги укине рестрикциите за странска сопственост во автомобилската индустрија. Овој потег ќе стапи на сила од 1 јануари 2022 година, а е најавен преку документ објавен од кинеското Министерство за трговија и Комисијата за национален развој и реформи.
Инаку, од 1994 година, Кина бараше од странските автомобилски производители да формираат заеднички компании со локални компании по принципот 50:50 ако сакаат да влезат на најголемиот пазар на светот. Во 2018 година, правилата беа променети и на странските компании им беше дозволено да го зголемат својот удел на 70 проценти.
Сега, според информациите на Forbes, Кина ќе им овозможи комплетна странска сопственост на автомобилските брендови во најнаселената земја на светот, а тоа треба да ги отвори вратите за нови марки да влезат на кинескиот пазар без притоа да мора да формираат заеднички потфати со локалните компании. Од друга страна, производителите како Ford, Volkswagen, Mercedes-Benz и останатите, можат да во целост да ги преземат своите постоечки заеднички претставништва од локалните партнери.
Рецепт кој се покажа како успешен
Како што посочува Forbes, шемата со заеднички потфати во Кина беа направени за да се осигураат дека профитот и технологијата ќе останат во земјата со цел да им се помогне на домашните производители да растат. Со се повеќе и повеќе кинески производители кои сега произведуваат и продаваат во возила кои се мерат со стотици илјади, се чини дека оваа стратегија навистина се исплатеше. Овој нов потег би можел дури и да ги мотивира локалните партнери да се повлечат од постоечките заеднички потфати со западните компании.
Со текот на времето кинеските производители добија пристап до современи методи за производство на автомобили и мошне брзо фатија приклучок со глобалните играчи во оваа област. Денес во оваа азиска држава се вообичаени домашните производствени линии од кои излегуваат турбо мотори, роботизирани менувачи, хибридни и електрични возила.
Масивно прегрупирање во следниот период
Правилото „50%“ беше укинато, но само за производителите на хибридни и електрични возила. Tesla тоа го искористи и ја изгради првата фабрика во Кина која е во 100-процентна сопственост на странски ентитет. Тој комплекс наречен Gigafactory 3 се наоѓа крај Шангај и започна со работа во 2019 година. Истовремено, BMW и Volkswagen го зголемија своето учество во структурите на компаниите BMW-Brilliance и JAC-Volkswagen на 70 проценти, бидејќи плановите им вклучуваа и производство на електрифицирани модели.
Некои производители во моментов се вклучени во повеќе од еден заеднички проект. Volkswagen, на пример, соработува и со SAIC и со FAW. Тука се исто така и независните локални компании како Nio, Geely, Great Wall и XPeng, за кои малку е веројатно дека ќе започнат заеднички потфат во брзо време.