Детроит 2018: Новиот Ford Mustang Shelby GT500 пеколно брз
Компанијата Ford ќе го претстави за време на автосалонот во Детроит, во средината на јануари, новото екстремно купе Mustang Shelby GT500
Експертите од Синиот овал за автомобили тврдат дека автомобилот ќе може да развие над 320 km/h. Погонот на Mustang Shelby GT500, адутот на Ford за моделската 2019, е доверен на 5.0- литарскиот V8 мотор, чиј компресор е поголем од досегашниот. Приближната моќност на моторот ќе изнесува околу 750 КС и ќе работи во комбинација со 10- брзински автоматски менувач.
Mustang Shelby GT500
Интересно е тоа што Ford се откажува од Mustang GT350, кој се потпира на 5.2- литарскиот V8. Доказ за тоа и недостаток на информации за такво возило во доставената службена документација. За таа цел, автомобилот ќе биде опремен со високо квалитетни механизми, а ги издвојуваме оние за кочење изработени од јаглерод и керамика.