fbpx

BMW ја претстави M верзијата на електричниот iX

Минатата година BMW го лансираше iX како нов технолошки знаменосец во поставата, а целосно електричниот SUV сега ја доби својата перформансна варијанта од M одделот

BMW iX самиот по себе е веќе моќен електричен кросовер и се одликува со еден од најлуксузните ентериери, но баварската компанија сега го подигнува скалилото со дебито на нивниот прв M електричен кросовер – BMW iX M60.

BMW iX M60

Новиот BMW iX M60 користи два електромотори и 111,5 kWh батерија за комбинирана моќност од 618 КС и 1.100 Nm кога се активни Sport режимот и launch control. Во Normal режимот, iX M60 губи дел од својата моќност, но сепак нуди робусни 540 КС и 1.015 Nm. Како резултат на ова, електричниот кросовер може да забрза од нула до „стотка“ за само 3,8 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 250 километри на час. Ниско позиционираната литиум-јонска батерија нуди 450 километри опсег на движење според EPA проценките. Инаку, iX M60 е првиот модел на BMW групацијата кој е поставен на новата идна модуларна архитектура инкорпорирајќи ги најновите технологии. Исто така ги добива и алуминиумската шасија, карбонскиот кафез и карбонски засилените пластични панели.

BMW iX M60

Визуелно, само мали карактеристики го разликуваат овој модел во однос на „обичните“ варијанти. Тука се вклучени M60 амблемот на задната врата, 21-инчните Aero Bi-Color тркала, сините M шапи од сопирачките и опционалниот BMW Individual Titanium Bronze пакетот за екстериерот.

BMW iX M60 добива стандарден адаптивен воздушен систем на потпирање со две оски со електронски прилагодливи амортизери и автоматска контрола на нивото. Ова е комбинирано со интегралниот систем за активно управување и M спортски сопирачки кои ја подобруваат динамиката на возењето.

Најдоброто од BMW во еден пакет

Како што велат од BMW, новиот iX M60 ги комбинира најдоброто од „трите света“, односно од BMW i, BMW X и BMW M. Моделот пристигнува со цела лепеза на стандардни карактеристики, како што се големиот број на возачки системи за асистенција, Sport пакетот, BMW Laser Light фаровите, Panoramic Sky Lounge LED покрив, BMW Live Cockpit Professional закривениот панел со 12,3 и 14,9-инчни екрани, Bowers & Wilkins Diamond сараунд систем со 30 звучници, четири-зонски автоматски клима-уред, перфорирани SensaTec или перфорирани кожни седишта, Active Seat вентилација за предните седишта и Radiant Heating пакетот.

BMW iX M60 требаше да дебитира на годинешното издание на CES, меѓутоа BMW се одлучи премиерата да ја одржи преку дигиталните платформи поради ситуацијата со коронавирусот. Автомобилот ќе се произведува во фабриката на BMW во Динголфинг, Баварија, а на пазарот ќе пристигне ова лето.

Поврзани вести

Back to top button