fbpx

Chevrolet премиерно го покажа целосно електричниот Silverado

По освежувањето на Silverado за 2022, компанијата Chevrolet ја претстави целосно електричната верзија на својот пикап

Сосема различен во однос на обичната верзија, Chevrolet Silverado EV го доживеа своето деби, а станува збор за модел кој е изграден од темел и е целосно различен во однос на остатокот од опсегот на марката која е дел од General Motors. Целосно електричниот пикап пристигнува со неверојатна комбинација на способности, перформанси и разновидност.

Иако не е првиот целосно електричен пикап, ниту прв кој доаѓа од семејството на GM, сепак, судејќи според бројките кои ги објави Chevrolet, има сериозни карактеристики да стане најважниот кој се појавил на пазарот досега. Silverado EV е опремен со голем број на паметни карактеристики кои фановите на овој тип возила ќе ги обожаваат.

Според Chevrolet, новиот целосно електричен Silverado има опсег на движење од 644 километри со едно полнење, благодарение на најголемата Ultium батерија направена досега. Поставката со два електромотори ги напојува сите четири тркала и испорачува 673 КС и 1.056 Nm. Со вклучен WOW режим, овој електричен пикап од 0 до 60 милји на час (0-96 км/ч) стигнува за помалку од 4,5 секунди. Благодарение на DC брзото полнење при 350 kW, камионетот добива 160 километри опсег за само 10 минути.

Chevrolet Silverado EV

Две верзии на почеток

Chevrolet најпрво ќе го нуди Silverado EV во базичниот Work Truck (WT) ниво на опременост, како и RST моделот кој е на врвот. Бројките кои се споменати погоре се однесуваат на највисокото ниво на опременост. Базичниот модел и понатаму добива 644 километри опсег, но моќноста е намалена на 517 КС и 834 Nm.

Од друга страна, RST верзијата добива и управување на задните тркала, автоматски адаптивен воздушен систем на потпирање, Super Cruise темпомат, како и конфигурирачки пикап „кревет“ со Multi-Flex Midgate.

Кога станува збор за дизајнот, треба да се истакне дека карактеристичниот изглед делува помеко и позаоблено од традиционалните пикап модели. Ова е веднаш впечатливо со оглед на тоа дека Silverado EV добива аеродинамична предница која е „извајана за ефикасно да го насочува воздухот под возилото, значително намалувајќи го воздушниот отпор и турбуленциите“.

Впечатлив дизајн

Моделот ќе биде достапен ексклузивно со Crew Cab конфигурација, Silverado EV се одликува и со кратко предно надвиснување и целосно затворена решетка и преден багажник. Пикапот добива и нагласени сводови над тркалата и е поставен на 24-инчни тркала, пластични заштити за каросеријата и аголни акценти на задните столбови. На задниот дел се наоѓа пикап креветот со 1.803 милиметри должина, а благодарение на Multi-Flex Midgate, истиот може да се продолжи до внатрешноста на кабината. Со затворена задна и отворена средишна врата, Silverado EV ќе може да превезува работи кои се долги над 2,743 милиметри. Ако тоа не е доволно, достапната Multi-Flex Tailgate може да се спушти за да овозможи 3.302 милиметри простор.

Впечатливиот дизајн продолжува и во внатрешноста со оглед на тоа дека Silverado EV RST доаѓа со 11-инчен дигитален инструмент кластер и 17-инчен инфозабавен екран. Тука е и фиксираниот стаклен покрив, head-up екранот, како и двобојните кожни седишта со црвени акценти. Задните седишта добиваат греење, а од Chevrolet велат дека сите лица до 1,82 метри висина ќе имаат максимална удобност каде и да седнат.

Chevrolet Silverado EV

Silverado EV ќе пристигне на пролет 2023 година во WT верзија, додека Silverado EV RST First Edition ќе следи на есен истата година, по што ќе следува комплетното портфолио на електричниот пикап.

Поврзани вести

Back to top button