fbpx

Škoda објави цртежи со кои го откри дизајнот на Enyaq Coupe

Чешкиот производител Škoda ја продолжува тизер кампањата за новиот Enyaq Coupe iV, а сега ги објави и првите цртежи за моделот

Škoda полека се подготвува за премиерата на купе верзијата на својот електричен кросовер Enyaq. Доказ за тоа се и новите тизер цртежи кои ги објави компанијата од Млада Болеслав за новиот Enyaq Coupe iV. Иако чешкиот производител е познат по своите исклучително практични автомобили, сепак побарувачката го диктира темпото на пазарот, а Škoda не сака да заостанува во однос на конкурентите.

Skoda Enyaq Coupe iV

Секако, атрактивната опаѓачка покривна линија која ги краси ваквиот тип на модели ќе го земе данокот кога станува збор за багажниот капацитет. Така, во однос на стандардниот Enyaq, Enyaq Coupe ќе има 15 литри помалку простор, но тоа секако е занемарлива бројка бидејќи купувачите сепак на располагање ќе имаат 570 литри во багажникот. Во секој случај, во пресрет на премиерата која е закажана за крајот на овој месец, Škoda го прикажа елегантниот дизајн на електричниот кросовер на новите цртежи.

Нешто поголеми димензии во однос на стандардниот модел

Стандардниот Enyaq има коефициент на отпор од 0.247, а купето очекувано ќе пристигне со нешто понизок коефициент од 0.234, што би требало да придонесе за нешто поголем опсег на движење. Моделот најверојатно ќе го задржи Coupe суфиксот во официјалното име, но исто така треба да се напомене дека оваа верзија ќе биде еден милиметар повисока од регуларниот модел. Исто така ќе биде и четири милиметри подолга и ќе ја споделува истата осветлена решетка која го краси „обичниот“ Enyaq.

Skoda Enyaq Coupe iV

Како што претходно беше најавено, Škoda Enyaq Coupe iV ќе се нуди во конфигурација со 180, 204 и 264 КС моќност, а купувачите ќе можат да избираат меѓу 62 или 82 kWh батерија. Исто така се очекува и RS варијанта која би пристигнала нешто подоцна и би имала моќност од околу 300 КС. Пониските нивоа на опременост ќе имаат погон на задните тркала и еден електромотор, додека оние помоќните ќе добијат и електромотор на предната оска за погон на сите тркала.

По дигиталната светска премиера која ќе се одржи во Прага на крајот од овој месец, купе верзијата на Enyaq ќе се најде во продажба подоцна оваа година во Европа.

Поврзани вести

Back to top button