fbpx

Škoda го менува корпоративниот идентитет со нов дизајнерски јазик

Škoda најави дека наскоро ќе дојде до промена во дизајнерскиот концепт на компанијата, а новиот идентитет ќе се нарекува Modern Solid

Откако повеќето брендови на Volkswagen групацијата ги оддржаа своите годишни медија конференции, на ред дојде и Škoda. Чешкиот производител за време на настанот го најави својот нов дизајнерски јазик кој го носи името Modern Solid. Повеќе информации треба да бидат познати во втората половина од годината, но во меѓувреме, чешката марка објави и тизер фотографија за првиот концептен модел кој ќе биде дизајниран во согласност со новиот корпоративен идентитет.

Првиот концептен автомобил кој ќе го промовира овој стил треба да дебитира во втората половина од 2022 година, а она што во моментов може да се каже и забележи од тизер фотографијата е јасната идеја на компаниајта. Идните возила на Škoda ќе изгледаат побрутално, и повеќе солидно, цврсто. Како пример се земени актуелните модели од поставата на Škoda.

Чешката марка и понатаму ќе остане фокусирана кон семејните купувачи, но планирано е и насочување кон „природните вредности“. Со други зборови, тоа значи дека идните модели на Škoda ќе бидат попогодни за авантуристички походи низ природата и други рекреативни пригоди во кои ќе биде вклучено цело едно семејство. Во согласност со тоа, носителот на титулата на новиот стил на чешката компанија ќе стане кросовер модел и најверојатно тоа ќе биде целосно електричен автомобил.

Škoda претходно спомена дека три нови целосно електрични автомобили ќе бидат претставени до крајот на деценијата и сите тие ќе бидат помали и поевтини од Enyaq. За време на денешната прес-конференција, извршниот директор на компанијата Томас Шафер потврди дека еден од нив ќе биде и мал градски автомобил.

Во секој случај, за новата дизајнерска насока на чешката марка ќе имаме повеќе информации подоцна во текот на оваа година кога Škoda ќе започне интензивно да зборува за новиот Modern Solid дизајнерски пристап.

Поврзани вести

Back to top button