Alfa Romeo со раст од 62% во 2017 година
Alfa Romeo го зголеми своето производство за 62% минатата година, најмногу, пред се, на извонредниот пласман на новиот седан Guilia и SUV-изведбата Stelvio
На овој начин, во глобала, се достигнати бројките на раст најавени од првиот човек на FCA, Серџо Маркионе, пред стартот на годинава.
Имено, произведените единици од трите италијански фабрики на брендот Alfa за минатата година изнесуваат вкупно 150.722, додека за 2016 бројката изнесуваше 93.117. Во разговор со аналитичари на пазарот минатата година, на два пати, во април и јули, Маркионе објави дека очекува продажбата на моделите на Alfa да достигнат меѓу 160.000 и 170.000 за 2017. На крајот на октомври тој беше малку повнимателен во прогнозите, пред се поради продажбата во САД , која се покажа како послаба, а требаше да биде на исто рамниште како онаа во Кина.
Продажбата на Alfa, независно од изјавите на Маркионе, секако се со сериозен скок во САД за минатата година, 12.031 во однос на само 516 во 2016. Ова се бројки според податоците на аналитичарите, бидејќи FCA не дава официјални податоци за производството и реализацијата во САД. Продажбата на брендот во Европа и EFTA скокнаа за 33%, или 79.963 за првите 11 месеци од минатата година, според индустриската асоцијација- ACEA.
Во Кина, пласманот на Alfa, иако беше погоден од нови барања што го ограничуваат движењето на автомобили за зголемување на продажбата преку нивните дилери е секако извонреден. Најдобар месец беше јули со 3.331 имплементацијата, но во последните два месеца од годината се забележува пад – односно 410 во ноември и 497 во декември. Се претпоставува дека оваа година, глобалната продажба на Alfa ќе биде исто помеѓу 140.000 и 150.000. За жал (засега нема најави) за нови производи оваа година, па успехот ќе зависи од напредокот на Stelvio во САД и Кина.
Според планот на Маркионе за ревитализација на брендот, претставен во 2014 година, тој требаше да реализира 400.000 продажби во светот до 2019 година и да претстави моделска палета од осум возила. Во 2016 година, планот беше ревидиран во поглед на продажбата, а крајниот рок за осумте модели беше продолжен до 2025 година.