fbpx

General Motors сака да се врати во Европа со електрични возила

Европа е еден од најголемите автомобилски пазари, а електричните возила стануваат екстремно популарни, факт што американскиот гигант General Motors сака да го искористи

Растечката побарувачка и продажба на електрични возила во Европа е особено интересен за секој автомобилски производител. Исклучок не е ниту американскиот гигант General Motors. GM ја напушти Европа пред седум години, но сега сака повторно да има удел во еден од најголемите пазари и се подготвува за нов влез на Стариот континент како целосно електричен бренд, тврди извршниот директор на компанијата Мери Бара.

General Motors има зацртани планови да стане целосно електричен бренд до 2035 година, а Бара сака да ја искористи таа прилика за нов влез на европскиот пазар откако се повлече пред пет години.

„Пред околу пет години ние го продадовме Opel на она што сега е Stellantis и воопшто не се каеме што го продадовме нашиот бизнис со мотори на внатрешно согорување. Но, ние ја разгледуваме можноста за раст која ја имаме сега, бидејќи можеме повторно да влеземе во Европа како компанија со целосно електрични возила. Со нетрпение го очекувам тоа“, изјави Бара.

GM беше дел од европскиот пазар речиси 90 години пред да ги продадел Opel и Vauxhall за 2,2 милијарди долари во 2017 година. Продажбата на двата бренда му овозможија на General Motors да се насочи кон развој на возила за Северна Америка и Кина, како и да ослободи простор во буџетот за развој на електрични возила.

General Motors

Електричните модели на Chevrolet и Cadillac се кандидатите за Европа

„Ова е тешка одлука за General Motors, но ние сме обединети во нашите верувања дека тоа е вистинскиот потег“, изјави Бара во 2017 година.

Со оглед на тоа дека Opel и Vauxhall во тој период имаа загуби неколку години по ред, GM во тој момент сметаше дека направил вистински потег, но излезот од Европа исто така имаше и долгорочни ефекти кои сега се согледуваат во пост-пандемискиот период. Со речиси никакво присуство на континентот, GM е имун на проблемите со кои производителите во Европа се соочуваат.

Иако компанијата од Детроит повеќе не произведува возила во Европа, се уште се нема целосно повлечено од пазарот, со оглед на тоа дека Corvette и некои Cadillac модели се уште се достапни.

Додека Barra одби да прецизира временска рамка за враќање на GM на европскиот пазар или кои електрични возила би можеле да бидат понудени, ако продолжи со планот, ќе има смисла тоа да се направи само со повеќе мејнстрим производи кои ќе бидат попривлечни за клиентите како што се електричните SUV модели на Cadillac и компактните електрични возила на Chevrolet

Поврзани вести

Back to top button