Викенд тарифа: Сите верзии на Lamborghini Aventador во драг трка
Сите верзии на Lamborghini Aventador, од LP-700-4, па се до најновите изданија на SVJ, се најдоа на патеката за да одлучат кој е најбрзиот во драг трка
Ако некогаш сте се прашувале кој Lamborghini Aventador е најбрз, екипата на Carwow се обиде да даде одговор на ова прашање, собирајќи ги на едно место секоја верзија на Aventador некогаш направена за да направи спектакуларна драг трка. Од базичниот модел, па се до SVJ, во прилог можете да видите кој Aventador е кралот на драг трките.
Инаку, Lamborghini Aventador дебитираше во 2011 година и се произведува повеќе од една деценија. На патеката се најдоа оригиналниот Aventador LP 700-4 кој служи како база за секој нареден кој се појави на пазарот. Истиот се напојува со 6,5-литарски V12 L539 мотор кој испорачува 700 КС и 690 Nm максимален вртежен момент. По него следува Aventador LP700-4, па Aventador SuperVeloce LP750-4, по него доаѓа Aventador SVJ LP770-4 и на крајот е Aventador LP780-4 Ultimae