Саинс е новиот лидер по кошмарот за Питерхангел
Дополнети со нова доза енергија по изминатиот ден за одмор во главниот град на Боливија, во Ла Паз, пилотите на релито Дакар пред себе го имаа еден од најголемите предизвици во целото натпреварување: 425-километарската делница од маратонската фаза
И токму во оваа етапа Monsieur Dakar – Стефан Петерхансел го имаше најголемиот пех за неговиот автомобил. Французинот и неговиот навигатот ја започнаа етапата како првопласирани во генералниот поредок со 27 минути предност, но нивниот проблем започна во средината на денот. Екипажот на Peugeot се обиде да престигне еден мотоциклист, но при нивниот маневар не ја видоа карпата од прашината и удрија во неа, што значително ја оштети нивната суспензија.
Ова ги принуди да стојат повеќе од еден час додека нивниот тимски колега во Peugeot Сирил Дипре не дојде во нивно спасување. Со нивна помош водечките повторно беа на патеката, но приближно два часа по прекинот. И покрај кошмарот, Петерхансел сеуште се наоѓа во топ три во генералниот пласман – зад новиот лидер и адутот на Toyota, Насер Ал-Атија.
Победникот од Дакар 2010, Карлос Саинс е новиот лидер во целокупниот пласман, со повеќе од еден час предност. По елиминацијата на Себастијан Леб од релито, фијаското за Депре, кој заостанува над 40 часа и проблемот на Петерхансел, Саинс е најголемиот фаворит на Peugeot за успех оваа година.
Тоа беше и втората фазна победа за Сајнц и навигаторот Лукас Круз за време на овогодинешното рели Дакар, а Шпанецот стана четвртиот различен лидер од стартот во Лима. Насер Ал-Атија е на второто место, откако Катарецот финишираше како трет во оваа фаза, а втората позиција ја освои клупскиот колега Жиниел де Вилие, кој во генералниот пласман е четврти, на само 9 секунди зад Петерхансел.
Кај мотоциклите, Хоан Бареда со Honda, ја освои својата трета фазнаа победа на Дакар 2018, иако во истата доживеа непријатна повреда на коленото. Тој без потешкотии успеа да се движи и сега е на трето место во вкупниот ранг. Адриен ван Беверен (Yamaha) ја врати лидерската позициција од Кевин Бенавидес (Honda) во генералниот пласман. Овде е можеби најинтересна битката за тронот, со помалку од 15 минути разлика меѓу водечките.
Најбрзиот кај камионџиите во оваа фаза беше Том ван Генетен со Iveco, кој го остави зад себе клубскиот колега Федерико Вилагра. Лидерот Едвард Николаев со Камаз заврши трети, но сепак го води со предност од 49 минути во вкупниот поредок.