fbpx

Петерхансел подобар од Ал-Атија за нова етапна победа

По откажувањето на деветтата етапа на релито Дакар натпреварувачкиот дел продолжи во Аргентина, со 372 километри специјална етапа од Салта до Белен, каде температурите достигнаа 40 степени во сенка, сосема различно за натпреварувачите од изминатите неколку сурови дена низ беспаќата во Боливија

Стефан Петерхансел стигна до својата втора фазна победа од годинашново рели и благодарение на тоа се искачи до втората позиција во генералниот пласман зад клубскиот колега Карлос Саинс, чија предност падна на само 50 минути. Пилотот на Peugeot, Петерхансел беше подобар од надежта на Toyota, Насер Ал-Атијах, кој имаше технички проблеми, иако тргна поред своите конкуренти во вториот дел од фазата. Ал-Атија имаше потешкотии со возилото на 45 километри пред целта, па беше принуден да не форсира за да заврши, за да на крајот има просечна брзина од 56 km/h. Петерхансел разви просечна брзина од 100 km/h. Саинс покажа дека „не е опоравен“ од скандалот со Кис Кулајн, забележа само трето најдобро време по внимателно возење поради сложената навигација и мноштвото премини во река.

Во категоријата мотоцикли победникот можеше да биде решен вчера. Со изгубените приближно 50 минути, Кевин Бенавидес, Тоби Прајс, Антоан Мео, Хоан Бареда и Рики Брабек ги загубија речиси сите надежи за победа во Кордоба на 20 јануари. Лидерот на речиси целиот рели маратон досега, Адриен ван Беверен (Yamaha) падна лошо само три километри пред целта и по се изгледа превреме ќе го заврши своето учество годинава. Лидер сега е Матијас Валкнер со КТМ, кој беше еден од ретките кои се справија со сложената навигација и води во вкупниот пласман со значителните 39 минути пред Бареда.

Кај камионите Тон ван Генехтен со Iveco запиша втората фазна победа, завршувајки со предност од 33 секунди во однос на локалниот херој Федерико Вилагра. Едвард Николаев со Kamaz сепак продолжува да биде лидер во генералниот поредок со над 24 минути предност во однос на Виагра.

Следната фаза содржи 280 тркачки милји, но заедно со премините растојанието е над 700 километри. Натпреварувачите ќе поминат по трасата Белен – Чичелито. Првите десет најбрзи автомобили од етапа број 10, како и десетте најбрзи моторцикли и камиони ќе стартуваат врз основа на нивните времиња во сите категории. Потоа тие ќе поминат низ една од локациите со најситен песок во Аргентина. Ако температурата е особено висока, песокот ќе биде уште потежок за минување.

Поврзани вести

Back to top button