Викенд тарифа: Кен Блок се врати, Electrikhana лудории низ Лас Вегас
Electrikhana конечно е тука, а Кен Блок го носи Audi S1 Hoonitron во авантура со голема брзина низ Лас Вегас
Кен Блок, професионален возач и креатор на серијата видеа Gymkhana, конечно се врати на својата прва целосна продукција откако го напушти Ford. Сега, кога стана партнер со Audi, тој е во луд електричен рели автомобил во градот на гревот, a новиот серијал соодветно го носи името Electrikhana.
За ова видео, Audi навистина се потруди, обезбедувајќи му на рели возачот нова интерпретација на еден од неговите најпознати и еден од најомилените натпреварувачки автомобили на Блок. Наречен Audi S1 Hoonitron, тоа е омаж на Audi Sport Quattro S1 кој се возеше на PIkes Peak во 80-тите.
Направен по нарачка за Блок и ова видео, автомобилот се придвижува од два електрични мотори позајмени од програмата Formula Е на Audi. Секој од нив создава 3.000 Nm вртежен момент, што е доволно за автомобилот направен од карбон да прави вистински лудории низ улиците на Лас Вегас.