fbpx

Кaмпер со камин за 300.000 евра

Американскиот производител на приколки и кампери Jayco претстави нов суперлуксозен модел на саемот Florida RV SuperShow

Во опремата на Embark има дневна, спална соба, комплетна кујна и дури камин.

Палатата на тркала е изградена на шасија K1 360 од Мичигенската компанија Spartan Motors со предна независна суспензија. За погонот се грижи дизел Cummins мотор со моќност од 360 КС. Опремата на Embark вклучува систем за забава со 50-инчен телевизор и саундбар за дневната соба, 32-инчен TV во спалната соба, фрижидер, микробранова печка, тушкабина, тоалет и гардероба. За доплата може да се нарача машина заперење, фен и вградена правосмукалка. Долгата верзија нуди два санитарни јазли и тенда на задната страна. Основната цена е 289.500 долари (€ 236.640).

Поврзани вести

Back to top button