Corbellati го направи најбрзиот автомобил во светот
Corbellati, досега навистина непозната компанија, ќе ја претстави на салонот во Женева својата супер изведба Missile (ракета)
Производителите на машината велат дека тоа ќе биде најбрзиот некогаш произведен автомобил во светот, со максимална брзина поголема од 500 km/h. Основата на Corbellati Missile е шасија од јаглеродни влакна, а од истиот материјал се изработени и елементи од каросеријата.
Погонот е доверен на 9.0-литарски би-турбо V8 мотор кој развива 1.825 КС и 2.350 Nm вртежен момент. Се комбинира со 6-брзинска трансмисија. Должината на машината е 4.670 mm, ширината 2.040, висината 1.170, растојанието помеѓу двете оски е 2.850 и клиренсот од земјата 120 mm.
Corbellati Missile има самоблокирачки диференцијал, пневматска суспензија со автоматско израмнување на нивото на каросеријата, керамички дискови и 20-инчни фелни со предни 265/35 и 345/30 задни гуми. Во моментов, најбрзиот автомобил во производство, е Koenigsegg Agera RS, кој во ноември минатата година разви просечна брзина од 447 km/h. Шведскиот supercar, исто така, има уште неколку рекорди, од кои едниот е за најбрзото целосно сопирање од 400 km/h.