Jeep го претстави својот нов Grand Commander
Кинеската Jeep Subdivision ги објави првите официјални фотографии и видео со новиот Grand Commander Crossover
SUV изведбата која е развиена специјално за кинескиот пазар, со својот дизајн во голема мера го повторува концептот на Jeep Yuntu, прикажан минатата година.
Димензиите на Grand Commander се 4.873 mm должина, 1.892 широчина, 1.738 висина и растојанието меѓу двете оски 2.800 милиметри широк. Кросоверот ќе биде достапен во верзии со 5 и 7 седишта. Компанијата открива дека SUV изведбата ќе биде достапна со погон на четири тркала и 2.0-литарски бензински турбо агрегат со компресор заедно со 9-брзински автоматски менувач.
Моќта на моторот не е откриена, но се тврди дека ќе биде 234 или 265 КС. Сериската верзија на кросоверот ќе биде прикажана во април на салонот во Пекинг, а продажбата ќе започне во јули. Производството на Grand Commander ќе се одвива во Кина, а сé уште не е познато дали моделот ќе биде достапен и на други пазари.