fbpx

Nissan нема да се откаже од Z моделите

Јапонскиот производител Nissan нема намера да престане со производство на своите модели од Z серија, бидејќи тие се важен дел од наследството и имиџот на брендот

Ова го изјави заменик-претседателот на компанијата, Мајкл Банс, во интервју за AutoGuide.

Менаџерот истакна дека Nissan во моментов работи на задржување на препознатливоста на пазарот, па се размуслува за многу опции за враќање на посакуваниот имиџ. Еден од проблемите секако е 370Z, кој се продава доста малку во последно време. Во 2017 година во САД беа испорачани само 4.614 единици, што е далеку од резултатот на американските ривали. За споредба, Dodge Challenger е продаден во 64.000, Chevrolet Camaro во 68.000 и Ford Mustang во 82.000 за истиот период.

Z

Банс не сакаше да прецизира што ќе претставува наследникот на 370Z, но сепак, негираше дека во Nissan планираат да пуштат кросовер со тоа име, кој ќе биде насочен кон помладата публика. Според него, најважно е за Z-моделите да ја зачуваат атрактивноста и привлечноста и во никој случај да не се прави компромис со цената. Nissan 370Z беше обновен во 2017 година, кога од изданието на Heritage беше лансирана серијата Heritage Edition, посветена на 50-годишнината од започнувањето на продажбата на серијата Z на пазарот. После тоа, компанијата издаде стандарден модел со други подобрувања.

Z

Поврзани вести

Back to top button