Новиот Suzuki Jimny тргнува глобално годинава
За Suzuki Jimny не треба многу пофалби - вистински докажан теренски автомобил кој успешно се користи на многу полиња
Конечно, љубителите на 4×4 техники ќе го видат наследникот на овој многу добар мал јапонски кросовер.
Новата, четврта генерација на моделот доаѓа навистина по долг временски период. Suzuki Jimny е еден од моделите „со најдолг стаж“ на пазарот во светот, како светски познатите VW Beetle, Land Rover Defender и Fiat Panda. Затоа е интересно да се види дали неговото најново поколение ќе ја продолжи долгата традиција, на мал но цврст теренец, со предизвикувачки стил, бескомпромисен…
Автомобилот останува со димензии помалку од 4 метри и ќе го зачува докажаниот 4×4 погонски систем, кој компанијата го нарекува ALLGRIP PRO, каде PRO значи професионален. За разлика од конкуренцијата каде што компактните кросовери се генерално со погон на сите тркала со додавање на целосно дополнителни состави, новиот Jimny ќе остане 4×4 „ од раѓање”. Се разбира, во новата генерација на Suzuki Jimny ќе видиме многу подобрувања, но две работи ќе бидат главни.
Првата; многу подобрен ентериер со модерен инфозабавен систем, а втората; додавање на многу опции и електроника, вклучувајќи системи за помош на возачот кои веќе се користат кај најновите изведби од класата. Ќе има промена и под хаубата, стариот атмосферски 1.3-литарски, четирицилиндричен мотор ќе го отстапи местото на оној со еден литар, со три цилиндри, со турбополнач, веќе познат од Baleno RS. Наскоро по дебито на автомобилот ќе биде претставена “мека хибридна варијанта“- SHVS.