fbpx

Електричен седан од таткото и синот Џуџаро во Женева

Компанијата GFG Style на познатиот дизајнер Џорџето Џуџаро и неговиот син Фабрицио, ќе претстави на салонот во Женева концепт на електричен седан, развиен во соработка со кинеската компанија Envision

Еден од концептите на прототипот е дека автомобилот во реално време ја пресметува и анализира потребната потрошувачка на енергија, како и она што останува во батеријата. Компанијата ветува „единствени и иновативни” решенија од областа на ергономијата, како и поедноставено управување со основните функции на возилото. Се претпоставува дека ова исто така важи и за ЕСМ автономниот систем за контрола.

ЏуџароПоследниот проект е Џуџаро беше дизел-електричниот supercar Techrules Ren, опремен со шест електрични мотори и две турбини, кои се користат за електрични генератори. Моќта на Techrules Ren е 1.305 коњски сили, а максималниот вртежен момент е 2.340 Nm.

 

Џуџаро ја создаде GFG Style во 2016 година, 12 месеци откако ги продаде своите акции во Italdesign Guigiaro на Volkswagen.

Поврзани вести

Back to top button