fbpx

ЕУ ќе дозволи користење на е-горива и по 2035 година

Планот изготвен од ЕК сугерира дека во ЕУ би можело да се направи нова категорија специјално за автомобили што работат исклучиво е-горива

Моторот со внатрешно согорување може да добие нов живот на Стариот континент, откако Европската комисија подготви план кој би можел да дозволи продажба на возила на е-гориво по 2035 година.

Европската унија продолжува со плановите да ја забрани продажбата на нови возила со мотори со внатрешно согорување од 2035 година, отворајќи го патот за целосно електрична иднина. Земјите од ЕУ и Европскиот парламент се согласија со законот минатата година по неколкумесечни преговори, но овој месец, германското Министерство за транспорт во последен момент поднесе приговори за законот.

Германија побара од Европската унија да дозволи продажбата на нови автомобили кои работат исклучиво на е-горива да биде легална по 2035 година.

Планот изготвен од Европската комисија сугерира дека во Европската унија може да се направи нова категорија на возила специјално за автомобили што работат исклучиво на јаглеродно неутрални горива. Планот, до кој дојде Reuters, додава дека возилата ќе треба да користат некој вид „систем за поттикнување гориво“ кој ќе може да го одреди типот на горивото што се користи и да го спречи возилото да работи доколку се напојува со нешто друго освен со е- гориво.

Инсистирањето на Европската комисија за користење на овој систем за поттикнување гориво е проблематично за Германија бидејќи може да ги принуди производителите на автомобили да развиваат целосно нови мотори. Изворите тврдат дека германското Министерство за транспорт Фолкер Висинг сака да види подобрувања на планот на Европската комисија. Вклучените страни би можеле да бараат договор пред самитот на ЕУ оваа недела.

Италија, исто така, изрази противење на плановите на ЕУ. Разбирливо е дека Porsche и Ferrari се меѓу оние производители на автомобили кои се надеваат дека моторите со согорување можат да напредуваат по 2035 година бидејќи и двете марки инвестираат во е-горива.

Поврзани вести

Back to top button