fbpx

Ford си купи уште две „паметни” компании

Компанијата Ford Smart Mobility LLC, која е дел од американскиот автомобилски концерн и е специјализирана во развој и понудата на „паметни" системи за мобилност, стана сопственик на две нови компании

Нови членови на големото семејство на Синиот овал се Autonomic и TransLoc, кои треба да помогнат Ford да рашири понудените производи и услуги на сопственици на автомобили, на корпоративните клиенти и на обични жители на градовите во целиот свет. Двете нови компании се експерти во развојот на софтвер за автомобилската индустрија.

Ford

Ford Smart Mobility LLC

Со седиште во Пало Алто (Калифорнија), Autonomic е специјализирана во изнаоѓање масовни решенија за транспортната инфраструктура. Нејзиното искуство и знаење ќе му овозможат на Ford да ја пополни својата новата платформа за мобилни услуги- Transportation Mobility Cloud и да го прошири системот за споделување на автомобили- каршеринг. Што се однесува до TransLoc, тоа е компанија која се занимава со транспортирање на пациенти во различни медицински центри, но само кога тоа не е итно. Компанијата е сместена во Дарем (Северна Каролина) и е специјализирана за промени во патувањето во реално време, со цел оптимизирање на транспортниот проток.

Засега деталите за преземањето на двете компании не се пријавени. На крајот од минатата година, Ford исто така, купи контролни акции на Argo AI, која развива вештачка интелигенција за беспилотни возила. За пет години автопроизводителот ќе вложи околу една милијарди евра во оваа технологија, а целта е во 2021 година да им понуди на пазарот автомобил со четврто ниво на автономост.

Поврзани вести

Back to top button