Кои се најценетите автомобилски компании во светот?
Интересна студија, направена од Forbes и компанијата The Reputation Institute, покажува кои се најавторитетните компании на планетата
Оценката е базирана на анкета извршена врз 170.000 испитаници, луѓе кои се запознаени со производството на презентираните брендови. Првото место на листата е Rolex, а ние ќе ви покажеме кои автомобилски компании уживаат најголем авторитет и почит од луѓето ширум светот.
Еве го нивниот рејтинг во фелата, како е нивното место во вкупниот пласман.
1.BMW Group (место во вкупниот ранг – 12)
2. Daimler (27)
3. Toyota (34)
4. Honda Motors (48)
5. Ford (69)
6. Nissan Motors (80)
7. PSA Peugeot-Citroen (85)
8. Groupe Renault (87)
9. General Motors (96)
10. Fiat Chrysler Automobile (98)
11.Hyundai / Kia (99)
12. Volkswagen (100)